Пирло е минато, „Старата дама“ има тренер за следната сезона

од Stefanija Kuzmanovska

Андреа Пирло ги брои последните месеци на клупата на Јувентус, а се знае кој ќе го замени на тренерската позиција. Италијанските медиуми пренесуваат дека Пирло ќе ја заврши соработката со Јувентус на крајот на сезоната.

„Старата дама“ не успеа да направи голем резултат во Лигата на шампионите, а во домашното првенство не само што нема да се бори за титулата, туку ќе мора да игра и многу подобро за да остане на позицијата која води во елитното европско натпреварување – Лигата на шампионите.

Пирло стана тренер минатата сезона, и ова му беше дебитантска работа. Според „Ла Република“, на клупата се очекува да го наследи Масимилијано Алегри, кој работеше во Торино од 2014 до 2019 година.

Тој освои пет титули во Серија „А“ и беше поразен двапати во финалето на Лигата на шампионите.

Алегри ја заврши соработката со торинскиот гигант во јуни 2019 година, а го наследи Маурисио Сари, чија соработка со тимот од Торино, исто така, траеше само една сезона.

Слични содржини