Пировска: Добро е што апликацијата е на доброволна основа

од Vladimir Zorba

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска за владината апликација која ќе ги регистрира физичките контакти на оние што ќе ја активираат, за епидемиолозите да можат полесно да ги лоцираат луѓето со кои корисникот бил во контакт, ако се покаже дека е позитивен на коронавирус, за „360 степени“ вели дека е добро што таа е на доброволна основа.

– Во моментот кога слушнав за апликацијата веднаш ми се вклучи алармот за можен ризик од прекршување на човековите права, меѓутоа секако, оставив простор да слушнам подобро за што станува збор. Морам да кажам дека тука постојат три моменти коишто се за мене охрабрувачки. Првото е тоа што апликацијата е на доброволна основа, значи само граѓаните коишто сакаат ќе можат да ја симнат и да влезат во тој некој систем и во тој некој концепт на собирање на податоци. Вториот момент е во тоа што нема да биде следена геолокацијата. Трето и многу важно е тоа што ќе има една независна ревизија на ова техничко решение, вели таа.

Според Пировска оваа апликација нема за цел да не спаси од заразата, туку да ги спаси од ризик оние што дошле во допир со лице коешто е заразено од коронавирусот.

Слични содржини