Пирс Морган кон Трамп: Каде се доказите дека во Бејрут се случил напад?

од Vladimir Zorba

Познатиот британски новинар Пирс Морган на Твитер го праша американскиот претседател Доналд Трамп дали има докази за неговите тврдења дека експлозијата во Либан е резултат на напад со бомба, и истакна дека последиците од таквата изјава се многу сериозни.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генералите на американската армија му рекле дека експлозијата во Бејрут е предизвикана од „некаков вид бомба“.

За време на брифингот за коронавирусот во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да му помогнат на Либан. „Ние ќе бидеме таму за да помогнеме. Тоа изгледа како ужасен напад “.

Неколку либански официјални лица претходно изјавија дека експлозијата во магацинот во пристаништето во Бејрут, најверојатно, била предизвикана од 2.700 тони амонијак, што таму се чувал неколку години надвор од безбедносните регулативи.

Бејрут беше уништен по моќната експлозија што го потресе главниот град во вторникот, во која најмалку 100 луѓе загинаа, а повеќе од 4.000 беа повредени. Фотографиите и снимките направени од беспилотното летало го прикажуваат целиот ужас што се појави по ужасот

Судејќи според социјалните мрежи, многу луѓе се согласуваат со Морган. Се истакнува и дека либанските власти навеле и други причини за експлозијата, а Си-Ен-Ен објави дека тројца официјални претставници на Министерството за одбрана на САД потврдија дека нема индиции дека експлозиите се последици од „напад“, и покрај зборовите на Трамп.

Слични содржини