Писонеро: Испораката на вакцини за Западен Балкан е доказ дека Унијата се грижи за регионот

од Andreja Salpe

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро на редовен брифинг за новинари во Брисел нагласи дека испораката на вакцини за Западен Балкан од страна на ЕУ е доказ дека Унијата се грижи за регионот.

Заедно со 650 илјадите вакцини наменети за Западен Балкан, доаѓа и финансиска помош од 3,3 милијарди евра за економското заздравување на западнобалканските земји.

Вакцините ќе бидат распределени за сите земји од Западниот Балкан, од кои 199 илјади за Северна Македонија. Распределбата на вакцини се прави според потребите на секоја од државите, а дозите се наменети за здравствените работници и најранливите групи, потсети портапролката на Еврокомисијата.

– Ова е јасна порака дека се грижиме за регионот и дека неговата иднина се наоѓа во Европската Унија, потенцира Писонеро. 

Слични содржини