Писонеро: Првата Меѓувладина конференција со С. Македонија да се одржи што поскоро

од Nikola Popovski

Портпаролката на комесарот за проширување, Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на Европската Комисија дека таа очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со С. Македонија и Албанија што е можно поскоро.

„Ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време“, вели Писонеро и додаде дека се очекува од португалското претседателство да ги свика конференциите за двете земји што поскоро.

Европската Комисија смета дека двете земји се подготвени да ги започнат преговорите со ЕУ штом земјите членки дадат зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Германија сериозно ја гледа евроспката перспектива на земјите во регионот, а особено тоа важи за Северна Македонија, која одамна ги има исполнето условите за пристапување во ЕУ, порача германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, кој истакна дека тие продолжуваат интензивно да го поддржуваат евроинтегративниот процес на земјава и за време на португлаското претседателтво.

„Минатата есен имавме вложено многу заложби да ја отвориме првата пристапна коференција, не успеа тоа, но сега за време на португлаското претседателство и понатаму работиме на тоа. Сметаме дека не само што има смисла, туку е и неопходно, имајки ја предвид довербата што граѓаните на С Македонија ја имаат во нас , но исто така интерес на ЕУ е што побрзо да се отвори пристапната конференција“, порача денес Мас.

Мас додаде и дека Германија е подготвена да помогне во решавање на спорните прашања меѓу Северна Макеоднија и Бугарија, но дека клучно е спорот да се реши билатерално.

Слични содржини