Пита од готови кори со праз и компири

од Elena Daskalova

Питата со праз и компири е идеална за претстојните посни слави, но и за другите денови, било да ја јадете за појадок или вечера.

Можете да ја послужите со јогурт или пак, ако држите до посното, со маслинки или кисели краставички.

Потребно ви е:

3 поголеми компири
Еден праз
Масло
Сол, бибер
Едно пакување тенки готови кори

Подготовка:

На масло испржете го исецканиот праз и посолете. Компирот изрендајте го, додадете му сол или зачини по избор, бибер и масло.

Кората раширете ја, намастете ја и распрскајте врз неа малку од филот и направете ролна. Готовите ролни редете ги во подмачкана тава за печење, една до друга или пак, во круг. Печете на 180 степени околу 20 минути.

Слични содржини