Питомците Стојкова, Голчев и капетанот Хаџиев заминуваат во Воената академија во Осло на тримесечна размена

од Берта Китинска

Питомците Викторија Стојкова и Ристо Голчев, и нивниот инструктор капетан Лазар Хаџиев во јануари заминуваат во Воената академија во Осло, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Честитки за питомците Викторија Стојкова и Ристо Голчев, и нивниот инструктор капетан Лазар Хаџиев, кои од јануари заминуваат во Воената академија во Осло, Норвешка на тримесечна размена. Им посакувам успешен престој и да се вратат со нови знаења. Поттик и до нивните колеги да се стремат кон такви искуства и да ги користат бројните можности што ги овозможи Министерството за одбрана, развивајќи блиска соработка со своите НАТО сојузници како што е Норвешка, напша министерката.

Слични содржини