Пивото најпродавано во Русија, водката не е меѓу првите 50

од Nikola Popovski

Пивото стана најпродаваниот алкохолен пијалок во 2020 година во најголемите руски трговски ланци, додека виното и вотката не беа ниту меѓу 50-те најпопуларни производи, пренесе ТАСС.

Најпопуларниот алкохол кај Русите во текот на 2020 година беше пивото, кое постојано беше меѓу топ 10 најпродавани производи. Во споредба со пивото, водката и виното практично не беа барани.

ТАСС наведува дека безалкохолните производи често биле меѓу најпопуларните.

Во февруари, цигарите беа најпродавани во „Красное и Белое“, а во периодот август-декември, тоа беа заштитните маски за еднократна употреба.

Во „Бристол“ пивото беше лидер во продажбата од јануари до јули, а од август до декември заштитните маски. Просечната сметка во најголемите трговски ланци на алкохолни производи растеше во текот на минатата година, а во споредба со почетокот на годината, просечната сметка се зголеми скоро двапати.

Слични содржини