Пјаниќ го прослави трансферот во Барса: Солзи, алкохол и песни од Шериф Коњевиќ (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Репрезентативецот на БИХ, Миралем Пјаниќ, во понеделникот официјално стана фудбалер на Барселона, а новиот играч од средниот ред на Каталонците го прослави трансферот во Луксембург.

Пјаниќ отпатува за Луксембург, каде го прослави трансферот во Барселона заедно со семејството и пријателите. Дресови на Барселона со името на Пјаниќ беа поставени на ѕидовите на ресторанот каде се одвиваше прославата.

Фолк пејачот Шериф Коњевиќ пееше на прославата во Луксембург, а за време на изведбата на песната „Син“, помладиот Пјаниќ се расплака во прегратките на неговиот татко Фахрудин.

 

Слични содржини