Пјаниќ потпиша за Барса, ќе ја носи „осмицата“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Миралем Пјаниќ, член на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, и официјално е нов играч на Барселона.

Во друштво на претседателот на клубот Пеп Бартомеу, играчот за врска денес потпиша четиригодишен договор со каталонскиот гигант, а откупната клаузула е утврдена на 400 милиони евра.

Пјаниќ пристигна во Барса од Јувентус за обештетување од 60 милиони евра (плус бонуси од пет милиони), што го направи најскапиот фудбалер на БиХ на сите времиња. Рекордот го држеше Един Џеко, кого Манчестер Сити го плати 37 милиони евра.

Пјаниќ ќе го носи бројот 8 во Барселона, кој своевремено го носеше легендата на Каталонците – Андрес Иниеста.

Тој пристигна во Шпанија во четвртокот, а тренира индивидуално од саботата, бидејќи се очекуваат неговите резултати од тестовите за Ковид-19. Откако ќе биде потврдено дека е негативен, тој ќе се приклучи на Лионел Меси и компанија.

Според шпанските медиуми, има малку шанси Пјаниќ да дебитира за Барса на утрешниот пријателски натпревар против Жирона, а првиот настап за Каталонците би можел да биде во сабота против Елче.

loading...

Слични содржини