Пјаниќ потпиша за Барселона

од Aleksandar Petrovski

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, во новата сезона ќе настапува за Барселона. Тој потпиша договор со каталонскиот клуб, објави „Goal“.

Се очекува трансферот да биде официјализиран во текот на денешниот ден.

Во замена за Пјаниќ, Јувентус ќе го добие играчот од средниот ред на Барселона, Артур, кој според италијанските медиуми, потпишал договор со клубот од Торино до 2025 година. Исто така, Каталонците ќе платат 10 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Пјаниќ одигра 36 натпревари за Јувентус, има три гола и четири асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на Босанецот на 52 милиони евра.

Слични содржини