Почетна / Актуелно / Пјонгјанг се заканува дека ќе ја „потопи“ Јапонија, а САД ќе ја претвори во „пепел и мрак“

Пјонгјанг се заканува дека ќе ја „потопи“ Јапонија, а САД ќе ја претвори во „пепел и мрак“

Севернокорејската државна агенција во четврток објави соопштение од официјален Пјонгјанг со кое се заканува дека Јапонија со употреба на нуклеарно оружје ќе ја претвори во „пепел“, а САД во „пепел и мрак“, поради поддршката на резолуцијата и санкциите на Советот за безбедност на ОН, наметнати на таа земја поради поселдните нуклеарни проби.


Официјалните лица на севернокориејскиот азиско-пацифички мировен комитет, кој се занимава со надворешнополитички односи и пропаганда, исто така побараа распуштање на Советот за безбедност, кој го нарекоа „алат на злото“ кои ги сочинуваат „со пари подмитени“ држави кои делуваат по наредба на САД, пренесе Reuters.

„Четири острови на тој архипелаг треба да бидат потопени во море со нуклеарна бомба Juchea. Јапонија повеќе не треба да постои во наша близина“, стои во соопштението на комитетот кое го пренесе државната севернокорејска новинска агенција KCNA.

Juche е севернокорејска службена политичка идеологија која комбинира марксизам и екстремни облик на корејски национализам, а која ја заговараше основаќот на оваа држава Ким ил-Сунг.

„Да го сведиме САД на пепел и на мрак. Да го изразиме нашиот бес низ мобилизација на сите средства на одмазда кои до сега се подготвени“, се наведува во соопштението.

Во најновите закани на севернокорејските закани кон Јапонија исто така се критикуваат „танцувањата како што свират“ САД, и се додава дека на Јапонија никогаш не треба да и биде простено што не понудила искрено извинување поради „непростивите злосторства против нашиот народ“, очигледно алудирајќи на агресијата која Јапонија ја изврши над таа земја.

Во соопштението Јужна Кореја наречена е „предавник и куче“ на САД.
Јапонските власти остро го осудија ова соопштение на Северна Кореја.
„Ова соопштение е исклучително провокативно и нечуено. Тоа е нешто што значајно ги зголемува регионалните тензии и апсолутно е неприфатливо“, рече во четврток на редовната конференција за медиуми генералниот секретар на јапонската влада Јошихиде Суга.

loading...