Планираните модуларни болници во Скопје ќе се изградат, велат од МЗ

од Nikola Popovski

Министерството за здравство вечерва се огласи по повод пишувањата во дел од медиумите дека била запрена изградбата на три модуларни ковид-болници во Скопје.

Според нив, замената на времените објекти од амбулантно-поликлиничка дејност, се одвива согласно планираните активности.

-На терен се одвиваат активности поврзани со инфраструктурни приклучоци. До сега не сме добиле никакво известување од надзорот на објектите, ниту од изведувачот, дека се прекинати какви било активности, туку дека активностите се одвиваат според планираната динамика, велат од МЗ и додаваат дека рокот за реализација изнесува 60 дена, односно два месеца.

Слични содржини