Платежната картичка „Купувам домашно“ тема на медиумите во регионот, како пример за справување со кризата

од Vladimir Zorba

Платежната картичка, со која државата во рамките на мерките за справување со коронакризата, им доделува финансиска поддршка на невработените и лицата со ниски примања, наиде на особено внимание од медиумите во регионот.

Под насловите „Македонија лансира картички „Купувам домашно“, „Македонците добиваат пари од државата“, медиумите во Србија, Црна Гора и Хрватска информираат за платежната картичка, наведувајќи ја како пример за справување со кризата.

Медиумите наведуваат дека граѓаните на Македонија, оваа недела ќе ја добијат картичката „Купувам домашно“, со која им се помага полесно да ја пребродат кризата, но и се стимулираат навики за безготовинското плаќање и се сузбива сивата економија.

Според истите владата на Македонија 25 милиони евра наменети за купување домашни производи ќе се префрлуваат кај граѓаните директно од буџетот, преку модерен систем на аплицирање, без луѓето да бидат присилени да одат по институциите.

Слични содржини