ПЛАТИ 85.000 ДОЛАРИ ЗА СОСТАНОК, а доби само видео-чет!

од Vladimir Zorba

Тенисерката Еужени Бушар ги сака „состаноците на слепо“. Така, едно време, нејзиниот настап со корисник на Твитер по обложување за време на финалето во Суперболот беше хит во медиумите, а канадската тенисерка сега отиде чекор понатаму.

Таа одлучи да се „стави на аукција“ и да излезе на „дејт“ со човекот кој плаќа најголема сума пари, што ќе им помогне на медицинските работници.

Почетната цена на аукцијата беше 2.500 долари, а на крајот, нејзиниот обожавател мораше да плати 85.000 долари за да победи 36 други понуди и да добие шанса да излезе со една од најубавите тенисерки на светот.

Бушар пред неколку дена со ентузијазам сподели со фановите дека аукцијата достигна 85.000 долари, а сега е откриено кој бил мистериозниот фан кој бил спремен да плати толку многу за пијалок со Канаѓанката.

Станува збор за познат американски комичар, Боб Менери, кој се здоби со популарност преку смешни видеа на Инстаграм во кои доминираат спортовите, што му донесе 2,6 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.

И тој веќе ја започна акцијата и го „подготвува теренот“ пред состанокот, па најави и шекспировско сценарио, како и видео што ќе биде објавено на неговата платформа.

– Значи, ми велите дека имам шанса. Тениската сензација, Еужени Бушар, конечно ја прифати мојата покана да излеземе. Пријавете се на каналот за да видите како Ромео ќе ја шармира Јулија. Благодарам за поддршката и држете ми среќа. Подготвен сум да слушам каков било совет – напиша Боб Менери.

Сепак, пандемијата од коронавирус и забраната за летање го отежнаа „дејтот“ на Менери и Бушар, па решија да го направат состанокот преку видео-чат, што ќе биде објавен подоцна.

Сепак, Боб се надева на уште еден состанок, кога ќе помине пандемијата и кога ќе има можност да разговара во живо со една од најубавите тенисерки на светот.

Слични содржини