Платил казна од 450 евра затоа што бакнувал девојка на улица во Приштина

од Nikola Popovski

По неколку предупредувања, припадниците на косовската полиција казниле шведски државјанин во Приштина затоа што бакнувал девојка на улица.

Инцидентот се случил на 28 јули во близина на ноќен клуб во овој град.

Тој е казнет со 450 евра за чинот на бакнување, пренесува Коссев.

Како опис на прекршокот, доставен до „Калксо“, косовската полиција навела:

„Се однесуваше грубо, бакнувајќи се во јавност, иако беше предупреден неколку пати“.

За да се изрече оваа парична казна, полицајците се потпираат на одредбата од членот 6 од Законот за јавен ред и мир.

Слични содржини