Јазот меѓу платите на извршните директори во американските компании и просечната плата на вработените се зголеми во 2020 година, и покрај големата пандемија и напорите да се намали тој јаз.

Просечната плата на директорите на компаниите од индексната корпа S&P 500 е 299 пати поголема од просечната плата на работниците минатата година, според годишниот извештај на AFL-CIO за платите на топ менаџерите, според телевизиската станица Си-Ен-Ен.

Надоместокот за извршните директори во просек изнесуваше 15,5 милиони долари во 2020 година, заедно со бонусите, што претставува пораст од повеќе од 260 000 долари годишно во текот на изминатата деценија. Во исто време, просечниот работник во производството заработи 43.512 долари минатата година, што претставува раст од само 957 долари годишно во период од 10 години.

Вкупниот просечен надоместок на менаџерите на американските компании се зголеми за повеќе од 700.000 американски долари во 2020 година во споредба со претходната година, со тоа што јазот меѓу нивните и платите на работниците се зголеми од опсегот од 264:1 како што беше во 2019 година.

Извршен директор со најголеми примања во 2020 година е Чад Ричисон од „Пејком“, кој добил над 200 милиони долари во плати и бонуси. На врвот на листата на најдобро платени директори на компании се наоѓаат и извршните директори на „Џенерал електрик“, „Регенерон“, „Хилтон“, „Т-мобајл“, „Најк“, „Мајкрософт“ и „Нетфликс“.

Најголемата дисторзија во опсегот на платите е забележана минатата година во компанијата „Аптив“, каде што односот на платите помеѓу извршниот директор и работниците бил 5.294:1 Имено, платата на генералниот директор на таа компанија, Кевин Кларк, минатата година изнесуваше повеќе од 31 милион долари, додека просечната плата на вработените беше 5.906 долари, според Си-Ен-Ен.

Слични содржини