Пленковиќ: Хрватска не го доби нон-пејперот, го видов на еден веб портал

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска ниту формално ниту неформално го примила наводниот „нон-пејпер“ на словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Го видов, вели тој, на еден портал.

„Го видов затоа што беше објавен на словенечки портал, па го прочитав“, изјави Пленковиќ пред новинарите во Пула, пренесоа хрватските медиуми.

Пленковиќ додаде дека ниту еден сегмент од системот во Хрватска, според информациите со кои располага, никогаш не го добил тој документ, формално или неформално.

Словенечкиот портал „Нецензуриран“ ја објави содржината на наводниот „нон-пејпер“ без заглавие и потпис, напишана на англиски јазик.

Според порталот, станува збор за неофицијален дипломатски документ за поделба на Босна и Херцеговина, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на т.н. Косово со Албанија и има наслов „Западен Балкан – патот напред“.

Слични содржини