Пленковиќ: Шокиран сум од самоубиството на генералот Праљак

од desk4

Хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ денеска изјави дека е шокиран од самоубиството на поранешниот командант на силите на босанските Хрвати, генерал Слободан Праљак, кој испи отров во судницата откако Хашкиот трибунал го осуди на 20 години затвор и подоцна почина во болница.

– Сакам да изразам најдлабоко сочуство до семејството на Слободан Праљак. Неговиот чин, одземањето на сопствениот живот, најдобро зборува за длабоката морална неправда која им беше нанесена на шестмината осудени. Изразуваме жалење за денешната пресуда, изјави Пленковиќ на прес-конференцијата свикана по случувањата во Хаг.

Слични содржини