Почетна / Глобално / Балкан / Пленковиќ: Србија не е ни до половина пат за членство во ЕУ

Пленковиќ: Србија не е ни до половина пат за членство во ЕУ

Србија не е стигната ниту до половина од процесот за пристапување кон Европската унија, изјави денеска хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ,  и притоа ги спореди пристапните периоди на двете балкански соседни земји.

Хрватска, кажа тој, со ЕУ преговараше 2.096 дена и за тоа време отворени беа и затворени 35 поглавја.

-Додека Србија веќе  го надмина тој период, а не е стигната ниту до половина од процесот, објасни хрватскиот премиер.

Запрашан да каже што мисли за францускиот „нон пејпер“ и дали тој предлог ги урна досегашните правила на игра за пристапување кон ЕУ, Пленковиќ кажа дека идејата на Макрон за реформа на политиката на проширување на ЕУ ја гледа како желба за подобрување на општото функционирање на Унијата.

Тој нагласи дека процесот на прошриување на ЕУ има јасен и прецизен правен темел, наведувајќи дека членот 49 од Договорот за ЕУ предвидува секоја европска земја, доколку побара, да може да стане членка на Унијата.

loading...