„Плетењето ја одржува концентрацијата“: Еве што прави висок функционер на ЕК додека Фон дер Лајен држи говор

од Берта Китинска

Данската политичарка и висока функционерка во Европската комисија Маргрет Вестагер вчера плетејќи го следела извештајот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Вестагер мирно седела и плетела во Европскиот парламент во Стразбур додека Лајен еден час ја образложувала својата политика, пишува Ројтерс.

Во минатото на интернет е ставена фотографија од зелени и жолти слонови. Вестагер на Твитер во 2018 година објави: „Плетењето ја одржува концентрацијата“.

Слични содржини