По 10 години: Пандите се пареа откако ја затворија зоолошката градина!

од Stefanija Kuzmanovska

Во зоолошката градина Океан Парк во Хонг Конг, вработените 10 години чекаа и се обидуваа да ги поттикнат пандите да се парат. Припадниците на овој загрозен вид не беа премногу заинтересирани и покрај нивните напори, но ситуацијата одеднаш се промени- и тоа со епидемијата на коронавирусот.

Имено, како и многу други институции, зоолошката градина беше затворена за јавноста, а пандите Јинг Јинг и Ли Ли покажаа дека им требало само малку приватност. Вработените во понеделникот ги виделе како успешно се парат, пренесува Би-Би-Си.

„Шансата за бременост преку природно парење е поголема од вештачко оплодување кај овој ранлив вид“, истакнаа од зоолошката.

Бременоста на пандите може да се открие само со ултразвук околу 14 до 17 дена пред пораѓањето.

Бременоста може да трае и до 10 месеци, така што може да потрае некое време додека персоналот во зоолошката градина ги дознае резултатите од овој обид.

Слични содржини