По 10 години прозборе телохранителот на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон

од desk2

Повеќе од 10 години од смртта на Мајкл Џексон, неговиот поранешен телохранител Мет Фидс тврди дека обвиненијата за педофилија биле катализатор за прераната смрт на славниот пејач.

Мет Фидс, кој работел како член на обезбедувањето на Мајкл од 1999-та година па сè до смртта во 2009-та година, ги раскажа последните години од животот на овој музичар, откривајќи дека тој “повеќе никогаш не бил ист“ откако во 2005-та година го завршил судењето.

Да ве потсетиме дека судењето почна откако момчето Гавина Арвеза го обвини Мајкл Џексон дека сексуално го злоставувал во текот на 2003-та година. Сепак, по пет месеци од судскиот процес Мајкл беше ослободен од обвинението.

По новиот документарец „Michael Jackson: Chasing The Truth“ кој претставува контра на филмот „Leaving Neverland“ и има за цел да го одбрани музичарот, Фидс повторно застана во одбрана на поранешниот пејач.

„Беше јасно дека по пресудата тој никогаш нема да може да биде стариот Мајкл Џексон“ – изјави тој.

„До својот суден ден тој изгледаше како мртов човек  што оди. Се бореше и да јаде и да спие и беше во целосен хаос“ – продолжи и додава дека во текот на судењето пејачот изгубил и огромен број килограми.

Мет исто така тврди дека пејачот станал ненормално параноичен и дека непрекинато верувал дека “некој ќе го фати“ и дека сите се свртиле против него и дека тогашната турнеја по Велика Британија го однела директно во смртта.

„Беше преплашен од убиства на сцена и постојано даваше глупави предлози за носење на елек кој не може да биде пробиен во текот на настапот. Разговарвме со него и му објаснувавме дека јавноста го сака и дека нема да има некој проблем. Му кажав дека сум тука за него и дека секогаш ќе се грижам за неговата сигурност“ – се сеќава Мет.

Додава и дека верува оти Мајкл Џексон денес би бил жив доколку пред смртта успееше да воспостави контакт со озлогласениот татко Џом.

Слични содржини