По 13 години потрага: Дали германската полиција го откри виновникот за исчезнувањето на Меделин Меккен?

од Nikola Popovski

Британската полиција открила информација за нов осомничен кој е поврзан со исчезнувањето на Меделин Меккен.

Станува збор за Германец (43) кој во 2007 година, во моментот на исчезнување на малата Меделин, живеел на фарма на три километри од станбениот комплекс во португалското летувалиште во Алгарве.

Тој исчезна од тој имот една година пред исчезнувањето на Меделин, но полицијата верува дека тој останал во близина.

Тој е опишан како бел, висок околу 180 см, слаб, со кратка руса коса. Тој имал 30 години во моментот на нејзиното исчезнување.

Детективи пронашле камп-приколка, за која веруваат дека ја користел и ја испитуваат за потенцијални форензички траги.

Мажот моментно издржува долга казна во еден германски затвор, каде е осомничен и за други злосторства.

На 3 мај 2007 година, неколку дена пред нејзиниот четврти роденден, „Меди“ исчезнала од семејниот апартман во градот Алгарве во Португалија, додека нејзините родители вечерале во блискиот ресторан. Исчезнувањето предизвика една од најголемите потраги во последните години. И покрај бројните осомничени и различните теории за она што се случило, никој не беше осуден за нејзиното исчезнување.

Слични содржини