По 13-месечна пауза, Федерер се врати со победа

од Stefanija Kuzmanovska

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се врати на тенисот по пауза од 405 дена и го доби првиот натпревар по враќањето.

Федерер го победи британскиот тенисер Даниел Еванс по три одиграни сета – 7: 6, 3: 6, 7: 5.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, по пауза од 13 месеци, одигра долг и напорен натпревар, кој траеше два часа и 32 минути.

Негов следен противник е Николоз Басилашвили од Грузија.

Слични содржини