По 28 години, Метју Меконахи ја откри вистината за смртта на неговиот татко

од Vladimir Zorba

Холивудската sвезда Метју Меконахи (50) првпат отворено зборуваше за смртта на неговиот татко Џејмс, кој почина во 1992 година.

Скоро три децении подоцна, славниот оскаровец раскажа дека бил шокиран кога од мајка му ја дознал трагичната вест за смртта на неговиот татко.

– Не можев да верувам. Тој беше мојот татко. Никој и ништо не можеше да го убие. Освен мама – изјави актерот во интервју за „Пипл“.

Зборувајќи за неговиот татко, тој рече:

– Тој секогаш ми велеше на мене и на моите браќа: „Момци, кога ќе заминам, тоа ќе се случи кога ќе водам љубов со вашата мајка“. И така беше. Доживеал срцев удар кога го достигнал „врвот“.

И покрај страсната љубов на неговите родители, Меконахи откри дека тие биле „понекогаш насилни“, како и дека „двапати се разведувале и три пати се венчале“.

„Беше како Тихиот океан во бура“, опиша актерот.

На почетокот на оваа година, Метју се обиде да ја обедини својата мајка со 91-годишниот татко на Хју Грант, Џејмс Грант, кој е вдовец.

За разлика од неговите родители, актерот има сосема поинаква врска со сопругата, бразилската манекенка Камила Алвеш. За време на интервјуто тој истакна дека не се сеќава кога последен пат го кренал гласот на својата сопруга со која е во брак од 2012 година и со која има три деца.

loading...

Слични содржини