Австралијците Метју Ебден и Макс Персел ја освоија титулата во машки двојки на Вимблдон. Број 14 во шемата ги совладаа минатогодишните шампиони Никола Мектиќ и Мате Павиќ од Хрватска со 7:6 (5), 6:7 (3), 4:6, 6:4, 7:6 (2) во епски меч кој траеше четири часа.
Павиќ и Мектиќ доминираа во машките двојки во последните години и важеа за фаворити, но Ебден и Персел успеаја да надвладеат во трилер од пет сета.
Австралијците се првите шампиони на „Вимблдон“ кои спасиле неколку меч поени на натпреварот на патот до титулата. Ебден и Персел спасија вкупно осум меч топки на патот до трофејот, а вкупно пет од нивните шест меча на „Вимблдон“ завршија во пет сета.
Двајцата се исто така првите австралиски претставници што ја освоиле титулата во машки двојки на „Вимблдон“ по Тод Вудрибџ и Марк Вудфорд во 2000 година.