По 4 месеци повторно се отвора Миланската „Скала“: Концерти од следната недела

од Stefanija Kuzmanovska

После четири месеци, познатата „Скала“ во Милано ќе биде отворена повторно следната недела, и тоа со серија од 4 концерти, на кои ќе присуствуваат само 600 луѓе, што е помалку од една третина од капацитетот.

Генералниот директор на театарот, Доминик Мејер, рече дека „Скала“ полека се отвора и дека дојде време љубителите на музиката да се вратат на слушањето во живо, пренесува АП.

Концертите ќе се одржат на 6, 8, 13 и 15 јули, а уметниците ќе изведуваат арии, свират инструментална музика и слично.

Мејер рече дека е воодушевен што „Скала“ може да прими 600 лица со почитување на мерките, и покрај тоа што неговиот капацитет е повеќе од 2.000.

Посетителите ќе треба да носат заштитни маски и да седнат на двојни седишта за време на концертот, така што посетителите ќе мора да доаѓаат во пар.

Цените на билетите ќе се движат од 24 до 48 евра.

Слични содржини