По 6 години, Бензема се враќа во репрезентацијата на Франција!

од Vladimir Zorba

Францускиот фудбалер Карим Бензема повторно блеска оваа сезона во дресот на мадридскиот ривал, што го привлече селекторот на француската репрезентација по шест долги години повторно да го покани меѓу галските петли, пренесуваат странските медиуми.

Според тврдењата на францускиот весник „Л ‘Екип“, напаѓачот на Реал Мадрид ќе се најде на списокот на тренерот Дидие Дешамп, за претстојното Европско првенство.

Дешамп ќе го објави списокот во текот на денот, а споменатиот извор тврди дека ќе го вклучи и искусниот голгетер кој има одлична сезона во Реал Мадрид.

Веројатно се реши да му прости на гревот од минатото, кога беше отстранет, на крајот на 2015 година, поради проблеми со соиграчот од националниот тим, Матју Валбуена.

Бензема, заедно со уште неколку лица, го уценуваа Валбуена да плати пари за да не излезат секс снимки во јавноста. За тој случај, Бензема ќе се појави на суд на крајот на годината.

Ќе го почекаме официјалниот проширен список на фудбалери кои ги избра Дешамп и да се увериме дали се точни информациите на светските медиуми и дали еден од најдобрите голгетери во светот ќе му се приклучи на актуелниот светски шампион.

Слични содржини