По Беовизискиот скандал музичарот сепак не настапува: Остатокот од групата на сцена без него, а ова е причината

Пред десетина дена изби скандал пред Беовизија поради проблематичниот текст на песната „Свадба голема“, која ја изведува Бора Дугиќ, бидејќи бил окарактеристичен како непримерен поради повик на насилство над жените, а како што сега пренесуваат медиумите, музичарот после се, сепак нема да настапи на Беовизија бидејќи му било нарушено здравјето.

Како што пишува српскиот Телеграф, Бора Дугиќ дефинитивно нема да настапи на Беовизија, бидејќи музичарот има нарушено здравје и не би можел да се појави ниту на пробите, а ни на полуфиналната вечер.

Душко Вучиниќ, шеф на службата за односи со јавност и коорпортивен имиџ на РТС, се огласи по овој повод и вели дека песната не е дисквалификувана и дека составот Балкубано ќе настапи, но без Бора Дугиќ.

– Песната не е дисквалификувана, Бора нема да биде на сцената од здравствени причини, но во нумерата тој е инструментален солист и така ќе остане.

Слични содржини