По четири месеци погребан трикратниот убиец од Градачац

од Stefanija Kuzmanovska
528 прегледи

Трикратниот убиец од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, е погребан по четири месеци. Неговото тело било во ладната соба на Комеморативниот центар во Тузла, а пред неколку дена телото го презеле членови на неговото семејство.

Да потсетиме, Сулејмановиќ на 11 август ги убил невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ и Денис и Ѓенгиз Ондер. Тој рани и три лица. Убиството на сопругата го пренесуваше во живо на Инстаграм. На крајот, Сулејмановиќ се самоуби.

Членовите на семејството на Сулејмановиќ ги платиле трошоците за чување на неговото тело во ладилник

Како што потврдил за N1 BiH, Фарук Латифовиќ, директор на Комеморативниот центар во Тузла, членовите на семејството на Сулејмановиќ го зеле неговото тело во петокот. Членовите на семејството ги платиле трошоците за чување на телото на Сулејмановиќ во ладилник.

Со оглед на тоа дека телото на Сулејмановиќ четири месеци било во ладилник, долгот изнесувал над 2.500 евра.

Претходно беше соопштено дека трошоците за чување на телото на убиецот во ладилник ќе треба да ги платат граѓаните на Градачац, но тоа сепак го направиле роднините на Сулејмановиќ.

Еден ден во Комеморативниот центар чини речиси 21 евро.

Слични содржини