По девет месеци без смртни случаи во Австрија

од Stefanija Kuzmanovska

За првпат по скоро девет месеци, во Австрија не се пријавени смртни случаи од коронавирусот.

Во изминатите 24 часа не беа пријавени смртни случаи од короната, пренесе Танјуг.

Последен пат тоа беше случај на 27 септември.

Инаку, бројот на смртни случаи заразени со вирусот корона достигна 10.650.

Што се однесува до новозаразените лица, во последните 24 часа се регистрирани 283 нови случаи.

Во болниците, продолжува трендот на намалување на ковид-пациентите, од кои во моментов има 376, од кои 124 се на интензивна нега.

Слични содржини