По Дуа Липа, нова провокација: Албанска манекенка малтретирала возач од Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Албанската манекенка Лорена Халити се пофали на својот профил на Твитер дека му пуштала албански песни на српски возач за време на возење со Убер.

Потоа, тој се пожалил на нејзините работодавци на директната провокација на манекенката, објаснувајќи дека тоа не било во ред од нејзина страна, затоа што тој ја својата работа ја извршувал професионално и коректно, додека таа по името и презимето препознала дека тој е Србин.

Како што навел во жалбата, таа веднаш потоа на социјалната мрежа Твитер објавила дека „на српски возач му пуштила албанска музика“, и додала смајли.

Тој исто така во жалбата навел дека односот меѓу Албанија и Србија е сè уште многу чувствителна тема и дека го загубил својот татко во војната и дека е сигурен дека во спротивна ситуација, како што рече, ако тој на неа ѝ пуштал српски песни, таа уште побрзо би упатила жалба до компанијата Убер.

Кога случајот започнал да се шири и кога Убер ѝ го избриша профилот на нивната платформа, таа го избришала твитот во кој се фали за своите постапки и тврдела дека „Убер ја поддржува ксенофобијата и етничката дискриминација“, па затоа добила забрана.

Слични содржини