По две дози на кинеската вакцина, примил Фајзер

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Доминиканската Република, Луис Абинадер, ја примил третата доза на вакцина против ковид и ги повика луѓето од неговата земја да го следат неговиот пример.

Абинадер, кој претходно прими две дози од кинеската вакцина Синовак, од компанијата Синофарм, вчера прими една доза од вакцината Фајзер во фискултурната сала претворена во центар за вакцинација во близина на Националниот дворец во Санто Доминго.

„Го повикав целото население да продолжи да се вакцинира со прва и втора доза и да се зајакне со трета доза. Ова ќе ни овозможи да постигнеме нормализација”, им рече 54-годишниот претседател на новинарите кои присуствуваа на неговата вакцинација.

Доминиканската Република, карипска земја со 10,5 милиони жители, регистрирала, според официјалните податоци, скоро 340.000 случаи на инфекција и скоро 4.000 смртни случаи од ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Слични содржини