По две години најден мртов маж во стан во Шведска

од Milan1

Маж на возраст од седумдесетина години најден е мртов во неговиот стан во Стокхолм неделава, со неотворена пошта што сугерира дека тој починал пред две години. Тој бил пронајден откако неговите соседи ја контактирале полицијата, пренесуваат шведските медиуми Полицијата вели дека немало ништо сомнително во неговата смрт и дека мажот бил мртво веќе некое време.

Портпаролот соопшти дека неговите роднини се известени.

Кога полицијата влегла во станот, куп пошта, сметки и флаери имало во поштенското сандаче на влезот. Локален весник, со датум на издавање од август 2019 година најден е во купот хартии, и неотворено писмо од февруари истата година.

 

Слични содржини