По еден месец, откриена причината за смртта на Шон Конери

од Stefanija Kuzmanovska

По еден месец, утврдена причината за смртта на славниот актер Шон Конери.

Актерот кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд почина на 91 година во својот стан на Бахамите. Актерот почина во сон, а причина за смртта е пневмонија, респираторна слабост, старост и неправилна работа на срцето.

Сопругата на Конери претходно за медиумите изјави дека актерот починал мирно во сон, опкружен со семејството.

„Таков живот не беше за него. Тој не беше во можност да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така и сакаше да биде“, изјави сопругата на славниот актер за „Дејли меил“.

Слични содржини