По Фенди и еден наш моден бренд нуди заштитни маски

од Elena Daskalova

Се сеќавате на луксузните заштитни маски кои Фенди ги произведува и продава, а нивната цена се движеше меѓу 190-200 евра?

Во онлајн-продавницата на македонскиот дизајнерски бренд, Елена Лука, може да се најдат брендирани заштитни маски, црни, на кои е испечатено логото. Нивната цена е 600 денари.

„Само 10 на залиха“, стои веднаш под описот на производот.

Во овој момент, голем број аптеки се соочуваат со недостаток на заштитни маски и течност и гел за дезинфекција. Но, се чини дека модниот стил не бира време и место и дека дури и во криза, секогаш постои опцијата да бидеме во тренд.

Слични содржини