По фотографијата од германското езеро, на сајтот „Дома си е дома“ слика од Анисе во Франција

од Берта Китинска

Вчерашната грешка на министерството за економија со фотографијата од местото Конигсе, Германија, која беше поставена на платформата „Дома си е дома“ беше делумно поправена.

На ваучерот за туризам од 6.000 денари стои фотографија повторно од друга држава. Овој пат станува збор за езерото Анисе во Франција. Ова е промотивното фото на Министерството за економија на сајтот „Дома си е дома“:

Ова е фотографија од истото место во Франција:

Дали некој од тимот на министерот за економија Крешник Бектеши, ќе превземе одговорност и ќе поднесе оставка по овие грешки?

Инаку лавина од реакции се појавија на социјалните мрежи откако Владата ги повика граѓаните да летуваат во „својата земја“ со рекламна фотографија на кампањата „Дома си е дома“ која е направена во Германија.

За оваа кампања е задолжена Агенција за промоција и поддршка на туризмот, додека министерството за економија е задолжено за изработка на сајтот.

По објвата на кампањата британскиот фотограф Сајмон Мигај реагираше на преземањето на неговото авторско дело кое власта го користи за владината предизборна кампања.

Фотографот кој работи во Лондон иронично напиша дека „умира од смеење” поради тоа што неговата фотографија од Езерото Кенигс станала популарна во политичката кампања во Македонија.

Како што објаснува Мигај за Радио МОФ, фотографијата е направена за приватен клиент пред неколку години, а езерото Конигзе во Германија, прикажано на фотографијата е доста познато.

– Повторно, морам да го истакнам ова, одлично е што оваа фотографија се користи и 100% ја поддржувам каузата, плус фотографијата е достапна слободно за користење. Само е жално што некој ја избра оваа конкретна фотографија, а не некоја која е всушност од Македонија“, вели Мигај.

Слични содржини