По ѓаволите! Се молиме за вас: Холивуд во шок поради заболениот Том Хенкс

Актерот Том Хенкс преку социјалните мрежи објави дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон имаат коронавирус, а колегите актери и многу други личности од јавниот живот им пратија пораки за охрабрување во коментарите.

„Ве молам, чувајте се“, им порача актерката Рис Витерспун. „Ви праќам љубов“, им порачал Џек Блек. Вилмер Валдерам им оставил емотикини со срциња и молитви, а германскиот дизајнер Филип Плеин им порачал: „Бидете силни и победете го вирусот!“

„По ѓаволите Том! Секогаш мораш да бидеш прв! Прв доби Еми, прв Оскар, прв коронавирус во Холивуд! Тоа требаше да бидам јас, проклетство! Брзо оздрави, брате, те сакам неописливо! Се молам за тебе и сопругата“, напишал актерот Марлон Вајанс.

„Како да ја одбра ѕвездата за која најмногу се грижиме со цел да испрати порака“, напишала Витни Камингс.

Хенкс напишал дека тој и сопругата се тестирале за коронавирусот во Австралија каде после работа на филмот почувствувале умор и болка со блага треска.

„Се чувствувавме малку уморно, како да имаме настинка и болки… Да бидеме јасни, како што моментално се препорачува, се тестиравме за коронавирусот и утврдено е дека сме позитивни“, напишал Хенкс.

Тој навел дека и двајцата ќе бидат „тестирани, набљудувани и изолирани“ онолку долго колку што е потребно.

Слични содржини