Откако рускиот претседател Владимир Путин ги утврди активностите на Турција при симнувањето на рускиот Су-24 како “нож во грбот од приврзаници на терористите”, цената на европската нафта Brent скокаат со 2%.

mecka

Јануарскиот договор на Brent-a е веќе 45,66 долари за барел – кон 14:55 часот откако беше достигна 45,83 долари за барел. Најлесната сурова нафта пак стигна 42,37 долари за барел.

Одек на берзите исто така е многу сериозен. Рускиот индекс RTS падна за 4%, додека Истанбулската берза падна за 3,1%. Огромен пад има и во вредноста на најголемата руска банка – “Сбербанк”. Таму намалувањето е од 4,2% засега.

Груевски и Ставревски се “пишманија”- еврообврзницата намалена од 500 на 270 милиони евра

Намалување има и на други светски берзи. Dow Jones засега е надолу со 0,62%, S & P 500 е со пад од 0,66%, а британскиот FTSE 100 се намали за 1,21%.

Слични содржини