Актуелно
Почетна / Актуелно / (Видео) По изрекувањето на пресудата од Хаг, еден од осудените Хрвати „испи отров“

(Видео) По изрекувањето на пресудата од Хаг, еден од осудените Хрвати „испи отров“

Судењето на шестмината Хрвати прекинато е откако еден од обвинетите Слободан Праљак наводно испи отров откако му беше изречена пресудата.

Нему му е изречена казна од 20 години затвор, по што стана, рече дека ја отфрла пресудата и наводно „испи отров од мала чашка“.

Неговата бранителка рече дека тој испил отров, а неколку моменти подоцна спуштени се завесите и прекинат е директниот пренос од судницата.

Праљак, кој беше началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана, изведен е од судницата, а обезбедувањето рече никој да не ја фаќа чашката, и дека е повикана медицинска помош.

„Слободан Праљак не е воен злосторник, со презир ја отфрлам вашата пресуда“, рече Праљак.

Хашкиот трибунал со оваа пресуда го завршува своето постоење.

Хашкиот трибунал го потврди постоењето на здружено хрватско злосторничко дејствување, со цел етничко чистење на делови во Босна и Херцеговина.

Во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија беше прекинато изрекувањето конечна пресуда во случајот против поранешни политички и воени лидери на Херцег-Босна – Јадранко Прлиќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Миливоје Петковиќ, Валентина Ќориќ и Берислав Пушиќ, поради инцидентот.

Водачите на најмалубројниот народ во Босна и Херцеговина во мај се осудени на вкупно 111 години затвор поради прогон, убиства, силувања, депортација, затворање, уништување имот и други злосторства.

Поранешниот претседател на владата на т.н. Херцег-Босна, Јадранко Прлиќ, неправосилно е осуден на 25 години затвор, поранешниот министер за одбрана Бруно Стојиќ и поранешните началници Слободан Праљак и Миливој Петковиќ на 20 години затвор, поранешниот командант на воената полиција, Валентин Ќориќ, на 16, а началникот на Канцеларијата за размена на заробеници, Берислац Пушиќ, на 10 години затвор.

loading...