По катастрофалниот земјотрес, регистрирани 470 потреси на тлото во Италија

од Vladimir Zorba

zemjotres-Artrice

Повеќе од 470 потреси на земјата биле регистрирани во Италија по силниот земјотрес што во средата го погоди централниот дел на државата, јавуваат италијанските медиуми.

Најсилниот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар недалеку од Ријети, соопштиле сеизмолозите.

Стручњаците велат дека ваквата појава на потреси на земјата е нормална по вчерашниот земјотрес, кој беше со јачина 6,4 степени според Рихтеровата скала, а во кој загинаа 247 лица./Мета

Слични содржини