По колапсот на „Дау Џонс“: 19 милијардери изгубија по над милијарда долари

од Vladimir Zorba

Шест од првите десет најбогати луѓе во светот изгубија повеќе од 2 милијарди долари вчера, а вкупно 19 „олеснија“ за повеќе од една милијарда долари, според Блумберг. Индексот на милијардерите во реално време покажува дека најголемите загуби вчера го погодија Ворен Бафет. Ова се случува по колапсот на водечкиот американски берзански барометар „Дау Џонс“.

Инвеститорот загуби 5,11 милијарда долари, откако над 3,2 милијарди американски долари доаѓаат од падот на обврзниците на американската државна благајна – Wells Fargo. Акциите на банката изгубија 10,24 отсто од нејзината вредност и паднаа до 57,51 долари по акција.

Компанијата на Бафет, „Berkshire Hathaway“, поседува 488,5 милиони акции или 9,92 отсто од капиталот на банката. И покрај вчерашниот пад од 5,96% на 295,600 американски долари, акциите на „Berkshire“ и понатаму остануваат најскапата единечна акција во светот.

Коосновачот на Facebook, Марк Закбургер, вчера загуби 3,62 милијарди долари, но сепак ја држи четвртата позиција со 74,7 милијарди долари. Бафет е пред него, а Џеф Безос и Бил Гејтс ги држат се уште првите две места во рангот.

Најбогатиот човек во светот вчера објави загуби од 3,26 милијарди долари, додека Гејтс ја намали својата состојба за 2,25 милијарди долари. Основачите на Google, Сергеј Брин и Лари Пејџ, забележаа загуби од 2,26 и 2,25 милијарди долари, соодветно.

Богатството на уште 13 милијардери опадна за повеќе од една милијарда долари. Вкупните загуби на 500 најбогати луѓе во светот изнесуваа 114 милијарди долари. Во петокот нивните загуби достигнаа 68,5 милијарди долари.

Слични содржини