По крвавиот напад во Монтереј парк, Бајден нареди да се спуштат знамињата на половина копје

од Stefanija Kuzmanovska

Американските знамиња на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје за да им се оддаде чест на жртвите од вооружениот напад во Монтереј парк, Калифорнија, во кој беа убиени десет лица, нареди американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден нареди знамињата да бидат на половина копје до вечерта на 26 јануари „како знак на почит кон жртвите на масакрот што се случи на 21 јануари во Монтереј парк, Калифорнија“, се вели во соопштението на Белата куќа објавено минатата ноќ.

Маж уби десет лица доцна во саботата за време на прославата на кинеската Лунарна Нова Година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес.

Тој побегнал од местото на нападот, а полицијата синоќа по потера го пронашла во комбе и утврдила дека се самоубил.

Слични содржини