По Надал, и Тим потврди дека нема да игра на Олимписките игри!

од Vladimir Zorba

Откако Рафаел Надал објави дека нема да игра на ОИ, истото го стори и Доминик Тим!

Австриецот објави на социјалните мрежи порака дека се консултирал со неговиот тим.

– Имам неколку тажни вести за вас. Откако разговарав и се согласив со мојот тим, ја анализирав ситуацијата, донесов одлука да се повлечам од Олимписките игри во Токио. За мене, како и за секој спортист, учеството на Олимписките игри и претставувањето на мојата земја е голем дел. Ова ја прави оваа одлука уште потешка. Оваа година не започна како што очекував и не чувствувам дека сум подготвен да настапам во Токио – изјави Тим.

Слични содржини