„По неколку секунди дошло до експлозија“: Фрлена бомба во фризерски салон во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

На улицата Браничевска на Врачар во Белград, во околу 5 часот утринава се случила силна експлозија во фризерски салон, а на местото на настанот била и екипа на телевизијата „Нова С“.

Како што изјавил сопственикот на салонот за новинарот на „Нова С“, нешто по 5 часот му се јавил управителот на зградата во која се наоѓа локалот и го известил дека во неговиот салон дошло до топовски удар со силен интензитет.

„Веднаш дојдов овде, за среќа нема повредени, но направена е поголема материјална штета. На снимката од камерата се гледа како некој трча од правец на црквата Свети Сава, со чекан го крши стаклото на вратата од салонот и фрла некаква експлозивна направа внатре. По неколку секунди дошло до експлозија, а лицето побегнало“, изјави шокираниот сопственик на салонот.

Како што вели, нема непријатели, семеен човек е и не знае кој и зошто би направил вакво нешто.

Слични содржини