По несреќата му донесоа нов џип на принцот Филип

од Vlatko K

Ден по несреќата во која принцот Филип  го искрши својот џип “Ленд Ровер Фрилендер “, Бакингемската палата обезбеди нов џип за потребите на сопругот на кралицата,  објави Дејли мејл.

Весникот коментираше дали е одговорно да  сенабавува нов џип за автомобилското хоби на стариот принц  Филип. 

Автомобилот беше предаден  на имотот на кралското семејство во Сандрингем.

Мажот на кралицата е познат по неговата страст за автомобили. Во последниве години, неговиот син, принцот Чарлс, постојано го повикува  таткото да се откаже од возењето.

   Бакингемската палата  тврди дека принцот Филип има важечка возачка дозвола. Откако наполнил70 години, тој редовно, на секои три години, бил проверуван  за обновување.

Слични содржини