Актерката, која е запаметена од локалната публика за нејзината улога како црвенокоса султанка Хурем во турската серија „Сулејман Величествениот“, сврте нова страница во нејзиниот живот. Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави дека отвора продавница за здрава храна во самиот центар на Берлин.
Како што објасни возбудената Мерјем Узерли во видео на Инстаграм, таа верува дека тоа ќе биде прва во низата продавници што планира да ги отвори низ целиот свет.
„Ја отворам мојата прва продавница „Нош Нош“ во Берлин. Станува збор за вкусни и многу здрави слатки. Ова е само почеток на едно убаво патување. Почнувам во Берлин и се надевам дека ќе се раширам низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место каде сакаме да се чувствувате како дома додека уживате во најквалитетните слатки“, објасни актерката.
„Вегански чоколади, џемови, какао на лажица, сладолед што е најдобар во светот, маслиново масло, кафе, чај и многу повеќе“, откри убавата Турчинка.
Да ве потсетиме, актерката се повлече од серијата „Сулејман Величествениот“ поради љубовната врска со нејзиното тогашно момче, Кан Атес, кој бара таа да има абортус. Атрактивната актерка со германско потекло тогаш се повлече од јавноста и се посвети на животот во Берлин со својата петгодишна ќерка Лара.