По незгодата три лица завршија во болница -сообраќајка на патот Тетово – с.Јажинце

од Берта Китинска

На 26.11.2021 во 17.20 часот на крстосница од регионален пат Тетово- с.Јажинце со регионален пат с.Лешок Шемшово, во с.Лешок се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(34) од с.Желино, и патничко моторно возило „пежо“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(67), со сопатничка Ш.А.(59), двајцата од с. Непроштено.По несреќата, тие се пренесени во Клиничка болница Тетово каде им се констатирани повреди на возачите Н.Р. и Н.А., а на сопатничката Ш.А. и е констатирана тешка телесна повреда, соопштија од МВР.

Увид на лице место изврши екипа  од СВР Тетово.

Слични содржини