По Њукасл, саудискиот принц сака да купи италијански гигант

од Vladimir Zorba

Саудискиот принц Мохамед бин Салман предизвика вистински земјотрес кога го купи Њукасл и го направи најбогатиот клуб во светот, но се чини дека нема намера да застане тука.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Салман сега сака да го купи и италијанскиот шампион Интер.

Принцот сака да го купи тимот од Милано од групата „Сунинг“ затоа што тие имаат финансиски проблеми веќе извесно време, а во текот на летото ги продадоа двајцата најдобри играчи – Лукаку и Хакими.

Со Њукасл се подготвува да направи збрка и да инвестира огромна сума пари за да донесе суперѕвезди, а се чини дека истиот план постои и во случај да го купи Интер.

Салман инаку е добар пријател со поранешниот италијански премиер Матео Ренци, кој еднаш самиот го истакна ова и рече дека се знаат со години.

Слични содржини